Чудото од гол, всушност го сруши и рекордот во Лигата на Европа (Видео)

Кемар Руф е фудбалерот за кој се збори после вчерашните мечеви од Лигата на Европа. Фудбалерот во дресот на Глазгов Ренџерс го постигна најспектакуларниот погодок во сите натпревари од првото коло, кога успеа од својата половина да го матира голманот на Стандард Лиеж за победа од 2:0.

Пресметано е дека погодокот е постигнат од 54,6 метри што всушност преставува рекорд за погодок даден во историјата на Лигата на Европа. Тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард вели дека во кариерата нема видено поубав погодок во живо.

Руф освои една топка пред сопствениот шеснаесетник, успеа да помине неколку противнички играчи, а потоа од својата половина шутираше хируршки прецизно за потврда на победата на Ренџерс. Погодокот може да го видите по 20 секунда од видеото.

https://youtu.be/KTYXGmDxBVg

https://twitter.com/i/status/1319352746038956032

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести