29.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Чудото што го направи Барселона во Лисабон се случило само еднаш претходно во ЛШ

Барселона третпат во последните 10 дена постигна пет гола на еден меч, што е вистинска реткост. По победите од 5:2 против Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија и 5:1 во дуелот со Бетис во Купот на Шпанија, сега следуваше ново шоу и победа од 5:4 на гости во Лисабон против Бенфика.

Подвигот на Барселона е посебно значаен затоа што на полувремето Барселона губеше со 3:1, а на 15 минути пред крајот резултатот беше 4:2 во корист на Бенфика. Барселона сепак не се предаде и со три погодоци во последните 15 минути од средбата успеа да направи целосен пресврт и да победи со 5:4.

Со оваа победа од 5:4, Барселона стана само вториот тим во историјата на Лигата на шампионите што примила четири гола, а на крајот победила. Претходно тоа ѝ успеа само на Борусија Дортмунд, и тоа на свој терен, кога со убедливи 8:4 славеше над Легија Варшава.

Разликата е тоа што Борусија во 32-рата минута водеше со 5:2 и имаше сигурна победа. До крајот на дуелот, голеадата продолжи и заврши со 8:4, но Борусија не мораше да брка негатива за да победи како тоа што го направи Барселона во Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести