Летечкиот Мондо Дуплантис со нов светски рекорд до светско злато во Токио (Видео)

Најдобриот атлетичар на денешницата, Арманд Дуплантис, го сруши светскиот рекорд во скок со стап и по 14-ти пат, но и вторпат само за еден месец, откако на Светското првенство во Токио успеа да прескокне висина од 6,30 метри, што беше и повеќе од доволно за светска титула.

Тоа е подобрување од еден сантиметар за разлика од претходниот светски рекорд, кој само пред еден месец беше поставен на атлетскиот митинг во Будимпешта, но и нови 100.000 долари на сметката на шведскиот атлетичар.

За доминацијата на Мондо Дуплантис говори и фактот дека сребрениот Грк, Емануил Каралис, прескокна дури 30 сантиметри помалку, односно точно шест метри, додека третопласираниот Куртис Маршал од Австралија прескокна 5.95 метри.

- Оглас -

Најнови вести