Чудовиштето се врати дома, на „Маракана“ го пречекаа 55.000 фанови (Видео)

Тијаго Силва беше претставен на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро како ново засилување на Флуминенсе, а на трибините на најпознатиот и некогаш најголем стадион на светот имаше 55.000 фанови, што е нов бразилски рекорд за ваков настан.

Како изгледаше првото појавување на Силва со семејството на „Маракана“, погледнете ТУКА.

Силва кој во септември ќе наполни 40 години, долго време играше во Европа, ги носеше дресовите на Милан, ПСЖ и Челзи, а реши да се врати во клубот во кој играше пред да дојде во Европа и клуб во кој ги направи првите фудбалски чекори во раните тинејџерски години.

Тијаго ќе биде нов тимски колега со легендата на Реал Мадрид, Марсело, секако и левиот бек го пречека својот некогашен репрезентативен колега и пријател.

 

 

- Оглас -

Најнови вести