Актуелниот бранител на тронот во СЕХА лигата, тимот на Вардар претрпе од Мотор Запорожје при минимални 32-31 во второто коло од меѓународното натпреварување. Црвено-црните во неколку наврати успеваа да дојдат до резултатски егал, но на крајот нијанси одлучија домаќините да се радуваат на втор последователен триумф.
Вардарци бркаа негатива во текот на целиот натпревар иако повеќе пати се враќаа по четири, односно три гола разлика. Домаќините при резултат од 13-12 отидоа на паузата, а и во второто полувреме го одржуваа својот ритам. Македонскиот гигант доби голема прилика да поведе во последната минута, но Горбок не го реализира клучниот напад, по кој ракометарите на Мотор постигнаа гол за 32-31.
Чупиќ можеше од пенал да избори реми за Вардар, но неговиот удар од седум метри не заврши во мрежата.
Пухоуски со шест гола го предводеше тимот на Мотор, додека Криштопанс и Атман со по пет погодоци беа најефикасни во составот на Писонеро.