Чурлинов не заигра против Падерборн, но барем се врати во првиот тим на Келн

Младиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов, денес имаше прилика да запише нови минути во Бундеслигата бидејќи се најде на клупата резерви кај Келн во убедливата победа од 3-0 над Падерборн.

Чурлинов сезонава дебитираше против Волфсбург и запиша 20 минути во поразот од 2-1, а потоа повторно беше вратен во развојниот тим на Јарците.

Тренерот Ахим Бајерлорцер можеше да му даде прилика на Чурлинов за да си го подигне нивото на самодоверба, бидејќи во моменти кога неговата екипа водеше со 2-0 нему му останаа две измени, а ниту една од нив не ја искористи за да го пушти во игра нашиот фудбалер. Сепак, за Чурлинов е поважно што се врати да тренира со „големите“, а ако биде трпелив и вреден минутите ќе си дојдат сами.

- Оглас -

Најнови вести