Дарко Чурлинов е стрелец на победничкиот гол за Штутгарт против Динамо во Дрезден на стартот на натпреварите во Купот на Германија, кој е еден од најчудните во последните години.
Побрз од македонскиот репрезентативец во премиерниот ден во популарниот ДФБ Покал беше само играчот на Карлсруе, Фабијан Шлојзенер, кој беше троен стрелец во победата од 8:0 против Нојстрелиц.
Во еден од најчудните премиерни денови на ДФБ Покалот во Германија со години се нема случено домашните екипи да не постигнат ниту еден гол.
Гостите дадоа вкупно 14 погодоци и забележаа четири победи на четири меча.
Штутгарт со голот на Чурлинов во Дрезден се пласира во следната рунда, Карлсруе го победи Нојстрелиц со 8:0 на гости, Нирнберг го совлада Кан-Мариенборн со 2:0 исто така како гостин, а апсолутната доминација на гостите ја потврди Борусија Дортмунд со победа од 3:0 против Минхен 1860 во главниот град на Баварија.
Утре се играат уште 11 натпревари од стартното коло во германскиот куп.