Чурлинов си фати ред, Келн продолжи да победува

Дарко Чурлинов повторно доби шанса во второто полувреме за сениорскиот тим на Келн и повторно се радува на победа на германскиот второлигаш на пријателски меч.

Најмладиот репрезентативец во историјата на Македонија ги одигра последните 15-тина минути против Бохум на подготовките во Мајорка, а Келн славеше со 2-1.

Ова се први подготовки со сениорскиот тим на популарните „јарци“ за 18-годишниот Дарко, а тој одлично си ги користи шансите што му ги дава тренерот Маркус Анфанг.

Анфанг одлучи да поведе тројца играчи од јуниорскиот состав на Келн, а меѓу нив е и македонскиот талент. Чурлинов дебитираше за тимот А на Келн пред заминувањето за Мајорка против Гронинген и одигра одлични 45 минути во победата од 3-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести