Да му е мерак на човек да е во изолација во куќата на Меси (Видео)

Пандемијата која се случи по неверојатното ширење на Коронавирусот направи најголем дел од луѓето да останат во своите домови. Препораката во сите земји кои се зафатени од опасниот вирус се исти. Да се внимава на хигиената и да не се излегува од домовите ако тоа не е неопходно.

Капитенот на Барселона Лионел Меси нема многу тешка задача, да остане во својата куќа во Барселона. Во домот на Меси има голем базен, фудбалско игралиште, кино сала, вежбална и уште многу други работи кои одлични за разонода.

Шпанското првенство е одложено во следните две недели, а Меси треба да остане мирен во својот дом, кој изгледа феноменало.

 

 

- Оглас -

Најнови вести