Марко Верати, играчот за врска на Италија и ПСЖ, се здоби со повреда на бутниот мускул во победата над Бугарија од 2-0 која Аѕурите ја остварија во неделата. Верати ја напушти селекцијата и вечерва нема да биде во составот на Манчини за гостувањето кај Литванија, а воедно му се предвидува пауза од најмалку 10 дена.
Тоа значи дека Верати многу веројатно нема да игра во првото четвртфинале против Баерн Минхен во Лигата на шампионите кое е закажано на 7 април, а прашање е дали ќе закрепне до реваншот кој е предвиден шест дена подоцна.
Oд претходно е потврдено дека европскиот првак за овој двомеч нема да смета на својот бомбардер Роберт Левандовски, па сега и Светците се со голем хендикеп ако се знае дека Верати е клучен играч во стратегијата на Покетино со 26 настапи сезонава во сите натпреварувања, на кои асистираше во шест наврати.