Да не му е Дејвид Бекам татко, тешко дека ќе заигра (Видео)

Ромео Бекам изминатиов викенд го имаше дебито во професионалниот фудбал, и тоа во екипата на Форт Лудердејл, која се натпреварува во третата лига во САД. Ромео е син на легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, кој е сопственик на Интер Мајами во МЛС.

Според извештаите во САД, Ромео имал солиден настап и бил заменет во второто полувреме. Сепак, англискиот „Скај спорт“ објави видео од најдобрите инсерти на Ромео на тој меч, а видеото трае помалку од 30 секунди. На видеото има само два просечни центаршута, што само покажува дека синот на Бекам не одиграл речиси ништо.

„Две нафрлувања? Каков настап. Па да не беше син на Дејвид Бекам, никогаш немаше да заигра фудбал“, стои во еден од многуте негативни коментари за играта на младиот Ромео.

- Оглас -

Најнови вести