Фудбалот многупати знае да биде суров за една од екипите. Тоа најдобро го почувствуваа играчите на Ајакс. Холанѓаните водеа со 2-0 на полувремето, имаа предност и од уште еден гол од првиот меч во Лондон, но на крајот загубија и се елиминирани од ЛШ.
Тотенхем во второто полувреме даде три гола, а шокантен беше тој во 96-тата минута, кога Лукас Мура постигна хет-трик. По примениот гол, играчите на Ајакс едноставно капитулираа и во очај паднаа на тревата.