Да не си им во кожа: Три промашувања едноподруго пред гол (видео)

Комичната сцена се случи за време на натпреварот меѓу Барнсли и Брентфорд во Втората англиска лига. Мечот се одигра денес и заврши со конечни 3-1 во корист на Брентфорд, но четирите гола нема да се паметат како и овие десетина малерозни секунди во изведба на гостинските фудбалери.

Воткинс се најде во ситуација да го постигне вториот гол на средбата, а откако првиот негов обид заврши во дирекот, пак стигна до топката, но и вториот шут заврши во рамката од голот. За уште поголемо разочарување, Бенрама не ја затресе мрежата иако голот на Барнсли беше празен.

Инаку, за двете промашувања Воткинс се поправи остварувајќи хет-трик во остатокот од средбата.

https://streamable.com/lxoa9

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести