Да се биде или не за Пандев и Џенова – Победата е императив против тим што не го победиле пет години

Горан Пандев и Џенова се исправени пред голем предизвик, вечерва, од 20.45 часот, на својот „Луиџи Ферарис“ треба да ја победат Парма во обидот да се прекине серијата од 7 меча без триумф во Серија А.

Капитенот на македонската репрезентација се одмори и не играше во куп-дуелот со градскиот ривал Сампдорија, па веројатно ќе биде стартер и со искуството и квалитетот што го поседува, ќе се обиде да го предводи својот тим до победа и прекин на две незгодни серии.

Џенова нема победа на 7 меча по ред во Калчото, а на гости ѝ пристигна за неа незгодната Парма, екипа која ја победуваше на четири меча по ред.

Лани и двата дуели ги доби Парма, и тоа убедливо, со 5:1 дома и со 4:1 на гости, а и во претходната сезона беше поуспешна и ги освојуваше бодовите со триумф од 3:1 во Џенова и со 1:0 на свој терен.

И Парма е со многу проблеми. Има само шест бода, еден повеќе од Џенова во долниот дел на табелата и е во лоша серија од пет меча без триумф.

И двете екипи малку ги охрабри успехот во Купот и победите против Козенца, односно Сампдорија ќе бидат поттик да се победи и да се освојат бодови за бегство од зоната за испаѓање од Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести