28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Да се играше до 80-тата минута, Жозе Мурињо ќе беше прв во Премиер лигата

Тотенхем одигра 1:1 на гостувањето кај Вулверхемптон, во меч на кој лондончани поведоа со гол само по 56 секунди игра. Тимот на Жозе Мурињо предноста ја имаше до 86-тата минута, кога Вулверхемптон успеа да израмни и на крајот дуелот заврши 1:1, па наместо три бода, Тотенхем освои само еден бод.

По 15 одиграни кола, Тотенхем има освоено 26 бодови и заостанува шест бода зад лидерот Ливерпул. Статистиката покажува дека тимот на Жозе Мурињо во последните 10 минути од мечевите игра најслабо. Во овие 15 меча, поради головите кои ги има примено од 81-вата минута до крајот, Тотенхем вкупно има загубено девет бодови.

Едноставно, играчите на лондонскиот тим ја губат концентрацијата или силата и се најранливи на крајот од мечот. Доколку сезонава се играше до 80-тата минута, Тотенхем и Мурињо сега ќе беа лидери во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести