Култниот шпански клуб Малага успеа во саботата навечер да избори враќање во Втората лига на Шпанија, популарната Сегунда, по драматичниот крај на натпреварот против Гимнастик.
Малага гостуваше кај Гимнастик во финалето на плејофот, откако во првиот натпревар славеше со резултат 2:1, а во синоќешниот реванш гледачите можеа да видат вистински спектакл.
Гимнастик со играч помалку поведе со 1:0 во 72. минута и избори продолженија, во кои следеше нов шок за бројно надмоќната Малага, бидејќи Санта Марија во 93. минута зголеми на 2:0.
Тоа беше резултат со кој Гимнастик би изборил промоција, но играњето со играч помалку од 63. минута се покажа кобно и Малага во 108. и 121. минута преку Диони и Кордера стигна до 2:2.
Следеше лудо славје на навивачите на Малага, а неверојатни сцени беа забележани на аеродромот во овој град, каде што илјадници навивачи до зори лудуваа чекајќи го авионот со фудбалерите на Малага, нивниот сакан клуб.
Тоа се случи утрово во 05:30 часот, а тогаш еуфоријата достигна врв и фудбалерите беа дочекани како херои.
🇪🇸👏 Málaga fans at 5:30am to welcome their team back at the AIRPORT, after being promoted to second tier! 💙🤍
Crazy scenes and fantastic support. ✈️✨ pic.twitter.com/1dWR7oXrFL
— EuroFoot (@eurofootcom) June 23, 2024