Да се знае кој е шампион – Кобајаши долета до победа на Оберсдорф

Традиционалната новогодишна турнеја Четири скокалници започна со победа на Јапонецот Риоју Кобајаши во Оберсдорф. Ски-скокачот кој минатата година беше севкупен победник, имаше два одлични скока од 138 метри и 134 метри, што му донесе вкупно 305,1 поени и прво место.

Кобајаши и по првата серија беше во водство, а по вториот скок само потврди дека и сезонава ќе биде главен фаворит за севкупен победник. Следното натпреварување ќе биде на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен, а потоа следуваат и Инсбрук и Бишофсхофен.

 

- Оглас -

Најнови вести