Даде 44 поени, но направи нешто што не е видено речиси 40 години (Видео)

Торонто репторс цела сезона играат надвор од Канада, постојано имаат проблеми со повредени играчи, но и кошаркари заразени од Коронавирусот, а ако НБА не воведеше плеј-ин за клубовите од 7 до 10 место, сезонава сигурно ќе останеа без шанси за место во плеј-офот, каде играат постојано од 2013 година.

Рептилите може да бидат задоволни затоа што во последниот ден од преодниот рок доведоа играч кој одигра историски меч. Во својот девети настап во дресот на Торонто, Гери Трент даде 44 поени со само две промашувања од игра. Погоди 7 од 9 удари за тројка, а од поле беше перфектен и имаше 10/10. Од слободни фрлања беше 3/3, а додаде и седум скока, четири асистенции и една украдена топка. На крајот неговиот тим победи убедливо со 135:115 против Кливленд.

Со овој биланс, Трент стана само третиот играч во последниве 11 години кој постигнал 40+ поени со над 85 отсто прецизност шут од игра. Претходно тоа им успеало само на Јанис Адетокумбо и Клеј Томпсон. Трент ноќеска шутираше со 89,5 отсто прецизност и само еден играч во историјата на НБА има подобар процент на реализација на меч во кој постигнал 40+ поени.

Мајк Вудсон во 1983 година постигнал 48 поени со неверојатна прецизност од 91,7 отсто, кога во победата на Канзас против Хјустон погодил 22 од 24 шута од игра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести