Даде гол за победа, но соиграчите му се налутија, а тренерот веднаш го извади од игра (Видео)

Удинезе со 1:0 славеше на гости кај Лече во првиот меч од 26 коло на Серија А, а дуелот го одбележа една несекојдневна ситуација. Напаѓачот Лоренцо Лука беше стрелец на единствениот гол и тоа од пенал во 32 минута.

Иако Лука постигна гол, неговите соиграчи, а и тренерот Коста Руњаиќ беа лути на стрелецот на погодокот и тоа поради непочитување на тимскиот договор.

Според планот, пеналот требаше да го изведе капитенот на тимот Флоријан Тован. Сепак, Лука прв ја зема топката и не сакаше да ја даде ниту на Тован, ниту на никој друг соиграч. Џабе беа реакциите и од тренерот, Лука едноставно беше убеден дека тој треба да шутира.

На крајот, Лука даде гол, но тоа не го спаси од тренерска санкција. Веднаш по постигнатиот гол, голгетерот на Удинезе беше повлечен од игра, како санкција поради тоа што не го слушаше тимскиот договор.

- Оглас -

Најнови вести