Даде супер гол за паметење, па се повреди: Димарко ќе паузира три недели!

Лоши вести за Интер од Милано. Денешните прегледи на левиот бек Федерико Димарко покажаа дека тој има повреда на мускул во бутот на десната нога поради која ќе отсуствува околу три недели.

Ова значи дека Интер на двата меча против Феенорд од осминафиналето на Лигата на шампионите нема да може да смета на Димарко, кој е стартер во тимот, а викендов на дербито со Наполи постигна феноменален гол од слободен удар.

Процената е дека Димарко би се вратил на терен за настапите на репрезентациите. Димарко не е единствениот играч на Интер кој е повреден, во аут се и Карлос Аугусто, Дармијан, Залевски и голманот Зомер.

- Оглас -

Најнови вести