Далас ноќеска го претрпе четвртиот последователен пораз, односно вкупно 11-ти по 19 натпревари во актуелната сезона. Маверикс не беа на нивото против лидерот на Западот Јута џез, па затоа се очекуваше дека Лука Дончиќ негативно ќе реагира.
Првата ѕвезда на екипата бара промени во односот на неговите соиграчи, кои според него не покажуваат желба да остваруваат победи.
„Никогаш претходно не сум се чувствувам вака лошо. Некои работи мора да се сменат и тоа што побрзо. Моментално не личиме на победничка екипа, делуваме како да не ни е грижа дали победуваме или не. Мора да ја подобриме комуникацијата меѓу нас играчите, едноставно да го смениме менталитетот. Сигурен сум дека работите ќе тргнат кон подобро доколку работиме на нашите слабости“, посочи Дончиќ.
Далас во ноќта меѓу сабота и недела ќе го пречека тимотна Феникс санс, кој моментално е на седмото место на Западот со учинок 9-8.