Карен Брејди, потпретседателката на Вест Хем објави дека дури осум фудбалери имаат благи симптоми на Коронавирус и се во карантин.
Сезоната во Премиерлигата беше прекината на почетокот на месецов, како и во грото првенства на планетата, а како стои работата неизвесно е кога ќе продолжи.
„Засега сите играчи, а ги има осуммина се во добра кондиција со благи симптоми на Ковид-19. Со семесјтвата се во карантин и постојано ја следиме ситуацијата. Се надеваме дека наскоро ќе бидат потполно здрави и подготвени за тренинзи“, изјави Брејди.
Натпреварите во Премиерлигата сигутно нема да се играат пред 30. април, а допрва се очекува нов состанок на прволигашите и луѓето од Фудбалската федерација на Англија за да се утврди кога ќе продолжи сезоната.
Вест Хем планира на 13. април да почне повторно со тренинзи.