Македонските фудбалски репрезентативци на возраст до 17 години се на прагот и на вториот пораз на квалификацискиот турнир во Скопје за настап на ЕП откако примија два гола од Франција и губат со 0:2 по првото полувреме.
Во кус рок од само 240 секунди, од 22-рата до 26-тата минута, примивми два наивни гола, а потоа останавме и со фудбалер помалку кога Анес Мељичи беше исклучен во 43-тата минута.
Ели Јуниор Крупи со гол за Триколорите во 22-рата минута го отвори резултатот на теренот на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје и тој гол можете да го погледнете ОВДЕ.
Веднаш потоа пак имаше промаја во нашата одбрана, го заборавивме Исмаел Бунеб, а репрезентативецот на Франција погоди лесно за 2:0 во 26-тата минута, а тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.
Во првото коло Македонија загуби со 0:3 од Исланд и ако не се случи некакво чудо во второто полувреме со Франција, ќе бидеме елиминирани уште во првата квалификациска фаза за настап на ЕП.
Последниот меч ќе го играме во понеделник со Луксмебург.