Дали е на повидок пресврт, Белингам може да остане во Дортмунд и следната сезона 

Англискиот репрезентативец, Џад Белингам, би можел и следната сезона да го носи дресот на Борусија Дортмунд, пишува весникот „Сандеј тајмс“.

Причина за ваквото тврдење на весникот е бидејќи двата клуба во кои сака Белингам да ја продолжи кариерата, Реал Мадрид и Ливерпул, немаат намера да се расфрлаат со пари во летниот преоден рок.

Кралевите немаат намера да плаќаат 150 милиони евра отштета за англискиот репрезентативец, а во Ливерпул сметаат дека е попаметно оваа сума да се искористи за купување на тројца квалитетни фудбалери, наместо за еден.

Поради тоа, Белингам би можел да остане во Борусија Дортмунд уште една сезона и потоа за далеку помала отштета која сигурно би изнесувала помалку од 90 милиони евра, да си замине од „Сигнал Идуна Парк“.

Освен Реал Мадрид и Ливерпул, сериозен интерес за Белингам пројавуваат и ПСЖ и Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести