Дали е ова најмалиот офсајд во историјата на фудбалот? (Видео+фото)

Евертон со 2:1 го победи Арсенал благодарение на пресвртот во второто полувреме. Топчиите водеа со 1:0 по првиот дел, но Евертон благодарение на головите на Ришарлисон и Греј, стигна до пред пресврт и триумф од 2:1.

Пред да го даде голот за 1:1, Ришарлисон постигна два погодоци кои му беа поништени поради офсајд. Посебно интересна беше ситуацијата во 57-мата минута, кога Ришарлисон буквално за неколку милиметри се најде во офсајд, а тоа го улови ВАР-системот, па голот му беше поништен.

Стапалото на напаѓачот на Евертон со горниот дел беше за милиметри понапред од линијата, што веројатно е еден од најмалите офсајд во историјата на фудбалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести