Нкетија ја промаши победата на Арсенал, па Евертон приреди чудо што може да го спаси Рафа Бенитес (Видео)

Еди Нкетија пропушти чист зицер во 84-тата минута за да му донесе победа на Арсенал против Евертон, а неговата утка од два-три метри ги врати во игра Карамелите, кои потоа постигнаа погодок за триумф од 2:1.

За разлика од Нкетија, Демарај Греј беше прецизен за домаќините во 92-рата минута и поразот го преточија во голема победа што може да значи и спас од отказ за нивниот тренер Рафа Бенитес.

Арсенал поведе со голот на Мартин Одегард во 44-тата минута, а и претходно и потоа на Евертон му беше поништен по еден погодок поради офсајд.

Сепак, домаќините не се предаваа и со головите на Ришарлисон и на Греј во последната фаза од мечот ги испратија Топчиите со празни раце во Лондон.

За Евертон ова беше прва победа по серијата од 8 меча без триумф, а успехот против Арсенал ќе го намали притисокот за Бенитес.

 

- Оглас -

Најнови вести