Дали го имаме првиот фаворит за титулата во НБА? Победија 19 од последните 20 меча!

Јута џез продолжува со неверојатните игри и победи во НБА-лигата. Џезерите утрово со 134:123 ја победија Филаделфија и стигнаа до 19-тата победа во последните 20 меча. По досега одиграните мечеви во НБА, Јута го има најдобриот биланс со 23 победи и само пет порази.

Џордан Кларксон со 40 поени беше предводник на Јута, а одличен беше и Донован Мичел, кој реализираше 24 поени. Кај гостите, Бен Симонс имаше рекорд во кариерата од 42 поени, 12 асистенции и девет скока, но тоа не беше доволно за победа на теренот кај моментно најдобриот тим во лигата.

Поефикасен меч од тој во Јута беше само дуелот меѓу Сакраменто и Бруклин, а на крајот гостите се радуваа со 136:125. Тандемот Харден-Ирвинг беше незадржлив. Харден заврши со трипл дабл од 29 поени, 14 асистенции и 13 скока, додека Ирвинг постигна дури 40 поени. Бруклин е моментно третиот најдобар тим на Истокот со 17 победи и 12 порази.

Во останатите мечеви кои ноќеска се играа во НБА-лигата: Индијана – Чикаго 112:120 по продолжение, Вашингтон – Хјустон 131:119, Њујорк – Атланта 123:112, Голден стејт – Кливленд 129:98 и ЛА клиперс – Мајами 125:118.

- Оглас -

Најнови вести