Шпанецот Чаби Алонсо дефинитивно ќе биде најатрактивен тренер во летниот преоден рок и иако речиси сите го преселија во Ливерпул, постои голема можност тој и следната сезона да биде дел од Бундеслигата.
Чаби прави чуда на клупата на Баер Леверкузен, неговите фудбалери на 11 кола до крајот на сезоната се лидери на табелата со осум бода повеќе од Баерн Минхен и со тоа го привлече вниманието на најголемите гиганти, но според последните информации, во игра за неговиот потпис останаа само два, и тоа Ливерпул и Баерн Минхен.
Според англискиот весник „Мирор“, Ливерпул повеќе не е фаворит за ангажман на Чаби Алонсо бидејќи управата на Баерн Минхен на маса му ставила понуда со која Шпанецот ќе заработува 20 милиони фунти по сезона.
Актуелната плата на Чаби во Баер Леверкузен изнесува пет милиони фунти, а доколку ја прифати таа на Баерн Минхен, ќе стане втор најплатен фудбалски тренер во Европа, по Диего Симеоне.