Дали магијата на Лука Дончиќ може да им помогне на словенечките одбојкари?

Најпопуларниот словенечки спортист во моментов, младиот кошаркар Лука Дончиќ, пред неколку дена им даде поддршка на словенечките одбојкари, кои вечерва во „Стожице“ играат полуфинале на Европското првенство.

Словенија игра со фаворитот Полска, но домаќините се оптимисти дека како што ја совладаа Русија, и на Полјаците ќе им покажат кој е газда во Љубљана. Поддршка имаат и од НБА-ѕвездата Дончиќ, кој од пред 24 месеци знае како е да се биде најдобар на Стариот Континент. Тој има големи успеси во кариерата, а дали ќе му донесе среќа и финале на тимот кој загуби од македонските одбојкари, ќе видиме вечерва по завршувањето на дуелот кој стартува во 20.30 часот.

Во другото полуфинале играат Србија и Франција. Французите ја имаат фаворитската улога, но Србите знаат да бидат најдобри кога е најпотребо и не може да бидат отпишани однапред.

- Оглас -

Најнови вести