Дали може да се очекува голеада во ПМФЛ? Веќе сè е познато, а кога нема притисок тогаш 3+ е реална игра

Од 17 часот низ стартува последното, 33-то коло од Првата македонска фудбалска лига, во која што веќе сè e познато.

Шкупи ја освои титулата, додека во европските натпреварувања ќе не претставуваат Шкендија и Академија Пандев. Во втора лига, пак, се селат Пелистер и Борец, а Тиквеш и Скопје ќе играат бараж средби.

Кога сè е веќе јасно и кога ниту една екипа нема резултатски притисок, тогаш вреди да се одигра на голови.

Дербито се игра на Чаир каде што Шкупи ќе ја пречека Академија Пандев, а за дуелот на најдобрите две екипи од шампионатот, квотата за 3+ изнесува 1.96.

Највисока (2.16) за да видиме три погодоци е на средбата меѓу Струга Трим Љум и Шкендија, додека квотите на Sport Life наговестуваат дека највеќе голови се очекува на средбата меѓу Работнички и Пелистер каде што за 3+ изнесува 1.84.

- Оглас -

Најнови вести