Речиси една деценија трае блескавата кариера на Мохамед Салах во Ливерпул, но веќе е јасно дека таа ќе заврши на крајот од сезонава. Салах јавно кажа дека си заминува од „Енфилд роуд“ и дека тоа е направено со взаемно постигнат договор со челниците од клубот.
Се чини дека Ливерпул веќе пикираше замена за Салах од следната сезона. Прв на листата е офанзивниот играч од средниот ред на Баерн Минхен, Мајкл Олисе. Францускиот репрезентативец кој има 24 години во 2024 година дојде во Баерн Минхен од тимот на Кристал палас.
Сезонава Олисе игра одлично и во 39 меча во сите натпреварувања има 15 гола и 27 асистенции. За Олисе се интересираат и други европски гиганти, но сега Ливерпул едноставно има најголем мотив да се засили со играч кој би бил вистинска замена за Салах.
Моменталната цена на Олисе се проценува на 140 милиони евра, а неговиот актуелен договор со Баерн Минхен е до јуни 2029 година.

