Дали ова ќе биде најлесното коло за типување? Дури на девет меча се издвоија фаворитите

Во јубилејното 20-то коло на шестата сезона од Спортска прогноза нема некое звучно дерби, но затоа има 13 интересни мечеви како предизвик да се погоди точниот фикс. Според досегашните предвидувања на прогнозерите, дури на девет натпревари се истакнува еден од двата тима како фаворит за победа барем со 65 отсто добиена доверба.

Лацио, кој синоќа го победи Баерн Минхен во Рим, сега ќе биде домаќин на Болоња и Небесносините се полни со самодоверба дека ќе стигнат уште до еден триумф. Фиорентина е голем фаворит на гости кај Емполи, а Удинезе не треба да има проблеми против Калјари. Се очекува Мајнц да го победи Аугсбург, а Гранада не би требало да има проблеми против Алмерија.

За сите прогнозери, главниот предизвик е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 понудени средби. Прогнозерот кој ќе биде перфектен ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, додека прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести