Дали Саутгејт ја прими пораката од англиските навивачи? (фото + видео)

Англија и Хрватска утре ќе го отворат третиот ден од Европското првенство. Дербито на „Вембли“ во Лондон ќе биде како загревање за нас пред историскиот меч на Македонија против Австрија.

Во пресрет на репризата од полуфиналето на последниот Мундијал, селекторот на Гордиот Албион, Герет Саутгејт, доби совет од англиските навивачи околу најопасната карактеристика на Коцкастите.

Авион прелета преку тренинг кампот на англиската селекција, носејќи порака која гласи „Хрватите најчесто даваат голови од левата страна“.

Слична порака претходно денес му испратија холандските навивачи на Франк Де Бур.

https://twitter.com/emma_saund/status/1403661853385965568

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести