Авион со порака за Де Бур леташе над тренинг кампот на Лалињата (видео)

Навивачите со порака го молат селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Франк Де Бур, да ја смени формацијата во 4-3-3 за утрешниот дуел против Украина во првото коло од групите, и воопшто за цело првенство да ја користи таа офанзивна формација.

За време на денешниот тренинг на Лалињата, авион леташе над нивниот тренинг камп кој носеше порака „Франк, користи ја 4-3-3“ алудирајќи на формацијата во која навивачите сакаат да ја видат својата селекција.

Резултатите пред самото ЕП не ги задоволи холандските навивачи кои очигледно немаат доверба во својот селектор, па самите му кажуваат како да си ја врши работата.

- Оглас -

Најнови вести