Дали судијата постапи по правилата? За фаул надвор од терен, досуден пенал и црвен картон (Видео)

Во тек е АФФ купот во којшто играат неколку азиски селекции, а на мечот помеѓу Виетнам и Малезија се случи нешто многу необично и предизвика многу реакции.

Двајца играчи беа во дуел, Малезиецот во жолт дрес беше оттурнат на работ на 16-никот, но судијата не досуди пенал. Налутениот Малезиец се најде неколку метри зад гол-аут линијата на тартанот кај рекламите, а Виетнамецот беше врз него. Малезиецот го удри со копачка по глава, а судијата процени дека треба да му покаже црвен картон, и не само тоа, туку на Виетнам му досуди и пенал.

Според правилата на ФИФА, оваа одлука на јапонскиот судија е коректна.

- Оглас -

Најнови вести