Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ е задоволен од подготовките на неговиот тим и верува дека утрешниот контролен меч против Македонија ќе биде од корист за Коцкестите.
’Немам забелешки за тоа како се одвиваат подготовките. Сите играчи да продолжат добро да работат. Го респектираме утрешниот противник, тој меч го замисливме да ни послужи како подготовка за Албанија. Ќе играме со повеќе офанзивни играчи. Да влеземе концинтрирани да полажеме квалитет и да победиме. Некои од играчите ќе ги одмориме. Влашиќ нема да игра, а Перишиќ ќе биде стартер и ќе игра 60 минути”, вели селекторот Далиќ откривајќи дел од плановите за утрешниот меч.
Капитенот на Хрватска Лука Модриќ кој синоќа со Реал Мадрид стана европски првак нема да игра, а ќе одмора и Брозовиќ. Коцкесите на ЕП во Германија освен со Албанија ќе бидат во група и со Шпанија и Италија.