Далиќ храбро најавува: Во Париз одиме да дадеме гол затоа што нападот е најдобра одбрана

Хрватска ја победи Франција со 2:0 во Сплит и се стекна со солидна преднсот пред реваншот кој утре ќе се игра во Париз. Ова е двомеч од четвртфиналето во Лига на нации, а подобриот ќе игра на фајнл-фор завршницата.

„Одигравме голем меч во Сплит и остваривме голем резултат. Сепак, тоа сега треба да го заборавиме и тоа што е можно побрзо. Мора да се фокусираме на дуелот кој следи во Франција. Победата од 2:0 нема да ни значи многу ако тоа не го потврдиме во Париз. Мора многу да се бориме, да дадеме енергија, да бидеме дисциплинирани, затоа што играме против сјаен тим“, вели Далиќ.

Селекторот на Хрватска вели дека неговиот тим во реваншот ќе се однесува како да било 0:0 на првата средба.

„Ќе започнеме како да било 0:0 во Сплит. Ќе се обидеме да дадеме гол. Не смееме само да се браниме, затоа што во тој случај ако се направи грешка, многу поголеми се шансите да се прими гол. Ако премногу се повлечеме, ќе бидеме во големи проблеми. Одиме да постигнеме гол. Нападот е најдобра одбрана. Нема поента да одиме и да го браниме резултатот од 2:0. Ќе ни биде потребна многу среќа, енергија и поддршка и се надевам дека на крајот ќе се радуваме“, рече селекторот на Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести