Далиќ има само пофалби за Македонија: „Тие играа нерешено со Италија и Англија“

И фудбалскиот сојуз на Хрватска објави дека официјално е потврден пријателскиот дуел против Македонија на трети јуни во Риека. За Хрватска дуелот против нашата репрезентацијата ќе биде првиот натпревар во подготовките за настап на Европското првенство, а селекторот на бронзената селекција на последното Светско првенство, Златко Далиќ, има само пофални зборови за Македонија.

„Македонија е одличен противник за нас во првата фаза од подготовките за настапот на Европското првенство. Се работи за репрезентација која оваа есен дома одигра нерешено против Италија и Англија, што доволно говори дека нè чека вистински тест, преку кој ќе дознаеме до каде сме во тој момент и на што треба понатаму да работиме. Со оглед на тоа дека подготовките ќе бидат во Риека, сакавме да играме на Рујевица за да избегнеме дополнително патување, а договорот со Македонија ги исполнува сите наши желби за тој прв јунски натпревар“, рече Златко Далиќ.

Хрватска на Европското првенство во Германија е во група Шпанија, Италија и Албанија.

- Оглас -

Најнови вести