Репрезентацијата на Хрватска, со исклучок на оној блицкриг од три минути кога направија пресврт против Албанија, одигра лош натпревар, а во 95-тата минута и прими гол за израмнување на 2-2. Коцкестите сега се пред елиминација, ќе мора да го чекаат исходот од натпреварот на Шпанија и Италија, а потоа и да го победат актуелниот бранител на титулата.
„Не беше лесно, многу тежок натпревар со две различни полувремиња. Во второто полувреме дадовме сè од себе, па примивме гол во продолжението. Сè уште е сè во нашите раце. Второто полувреме е охрабрувачко, во првото бевме навистина лоши, ништо не ни одеше. Победа над Италија не носи во следната фаза. Им благодарам на навивачите, нѐ поддржуваа и кога губевме. Мора да направиме се за да не ги разочараме. Ако ние дадевме гол во последната секунда за 1-1 сигурно дека ќе се радувавме на бодот. Немам забелешка за пристапот. Ти даваат гол и се затвораат, не беше лесно да се пробие противничката дефанзива“, рече селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, по натпреварот против Албанија.