Далиќ: Петковиќ не требаше да го изведе пеналот, против Албанија ќе има промени

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ е разочаран од настапот на неговите избраници на првиот меч на ЕП кој го загубија убедливо со 3:0 од Шпанија. Далиќ беше самокритичен и призна дека Коцкестите не заслужиле ништо повеќе од пораз против Шпанија. Селекторот најави дека мора да има промени за дуелот против Албанија кој е во рамките од второто коло.

„Заслужено загубивме иако статистиката беше на наша страна, но тоа не е реално. Поразот беше повеќе од заслужен. Досега сме имале само убави спомени од големите натпреварувања, но сега треба да покажеме дека знаеме да се носиме и со овие лоши моменти. Сега ќе ја анализираме Албанија и ќе се обидеме да промениме нешто во нашата игра. Не можам да зборувам за детали, но пристапот не е добар и мора нешто да се смени. Имаме уште два меча пред нас и се е во наши раце“, рече Далиќ.

Селекторот на Хрватска е лут затоа што Петковиќ ја преземал одговорноста да го шутира пеналот, кој го промаши.

„Пеналите ги шутираат Крамариќ и Модриќ, но тие не беа во игра. Петковиќ не требаше да го шутира пеналот затоа што непишано правило е играчот врз кој е направен пеналот, да не шутира. Требаше да шутира Перишиќ или Мајер“, вели Далиќ кој како селектор со Хрватска има сребрен медал од Светското првенство во Русија во 2018 година како и бронза од Мундијалот кој пред две години се играше во Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести