Далиќ побара повеќе почит: Ние освоивме три медали, а Англија само еден во последните 58 години

Хрватска неочекувано лошо стартуваше на ЕП откако загуби убедливо со 3:0 од Шпанија, па сега едноставно нема многу калкулации за нив. Коцкестите денеска играат против Албанија и сигурно ќе атакуваат на освојување на три бода.

Селекторот Златко Далиќ беше лут поради многубројните негативни коментари кои во изминативе неколку дена беа упатени кон него и кон неговите избраници. Далиќ побара од сите со малку поголем респект да се однесуваат кон селекцијата која тој ја создал затоа што во изминативе неколку години донесе и многу радости и добри резултати, па и трофеи.

„Ние имаме три медали, а Англија само еден медал во последните 58 години. И сега тие се златни, а ние не вредиме. Ние сме мали, но сме храбри и борбени. Доказ за тоа е што во Берлин имаше 100.000 Хрвати. Нашите резултати покажуваат дека сме подобри од тоа што луѓето нѐ доживуваат. Знам дека по поразот од Шпанија имаше многу негативни работи, но ние сме тука да го дадеме најдоброто од себе и да бидеме вистинските, како што знаеме да бидеме“, вели Далиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести