Далиќ: Примивме гол по наша грешка и не успеавме да се вратиме во мечот

Фудбалската репрезентација на Хрватска имаше очаен старт на Европското првенство. „Коцкестите“ загубија од Шпанија со убедливи 3-0.

Селекторот Златко Далиќ е разочаран од поразот, но вели дека селекцијата има уште два натпревари за да го подобри впечатокот и да избори пласман во следната рунда од ЕВРО 2024.

„Мојот впечаток е дека го издржавме почетниот притисок на Шпанија во првите 15 минути. Потоа, презедовме контрола, бевме подобри и почнавме да создаваме шанси. Но, потоа дозволивме гол поради наша грешка и не успеавме повторно да се вратиме во натпреварот. Не беше добро. Имаме уште две важни натпревари пред нас, против Албанија и против Италија. Кога губевме со 3-0 и немавме многу шанси да го промениме резултатот, одлучив да повлечам дел од искусните играчите“, објасни Далиќ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести