Далипагиќ беше Југословен „до коска“, побарал да го погребат со химната „Хеј Словени“

Легендата на европската кошарка, Дражен Далипагиќ, кој денеска беше погребан, оставил аманет да биде испратен со југословенскиата химна „Хеј Словени“.

Далипагиќ освои многу трофеи и медали играјќи за Југославија, а некогашниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ, во говорот на комеморацијата по повод смртта на прославениот Далипагиќ откри детали за љубовта на популарниот Праја кон државата која веќе не постои.

„Беше голем Југословен и по генетика, но пред сè по определување. Стана белграѓанец и ми викаше: „Дојдов во главниот град на Југославија“. Јас и денес кога ќе ја слушнам химната на Југославија, се сеќавам на таа генерација како стои на победничкиот подиум. И денес станувам кога ќе ја слушнам, а ќе биде интонирана и денес на испраќањето на Праја. Многу ја сакаше Југославија, ја сметаше за аксиом, нешто што не се објаснува. Одби да замине во Бостон селтикс затоа што тоа ќе значеше дека ќе загуби право да игра за репрезентацијата на Југославија. Да отидеше, убеден сум дека ќе беше рамо до рамо со Мајкл Џордан според ефикасноста. Тешко му падна војната, тој парите не ги чуваше во швајцарски, туку во југословенски банки, за него Југославија беше сигурна дестинација“, рече Вујошевиќ.

- Оглас -

Најнови вести