Дани Алвес ќе ја чека Барселона се додека има и минимални шанси за кам-бек

Дани Алвес им дал сигнал на своите менаџери да почекаат со понудите за трансфер се додека има и минимални шанси да се врати во Барселона.

Најдобриот играч на Копа Америка се надева дека повторно ќе игра на „Камп Ноу“, а клучот го имаат Семедо и Нејмар.

Ако португалскиот репрезентативец Нелсон Семедо бид евклучен во евентуалниот трансфер на Нејмар меѓу ПСЖ и Барселона, што е реална опција тогаш реални се и шансите на десниот бек повторно да биде член на каталонскиот клуб.

Алвес кој е најтрофеен фудбалер на сите времиња играше за Барселона од 2008 до 2016 година и има 247 настапи за каталонскиот клуб со 14 постигнати голови.

Проблем за евентуален кам-бек може да бидат годините и како што велат физичката подготвеност на фудбалерот што има 36 години, но Алвес покажа дека лесно може да игра на врвно ниво со настапите за Бразил на Копа Америка, каде беше прогласен за МВП на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести