На Дани Алвес не му беше потребно многу време да се адаптира на животот во Сао Пауло. Бразилецот на своето деби за новиот клуб го постигна првиот гол и донесе предност од 1-0 против Сеара, по што стадионот „Морумби“ еруптираше за да го прослави првенецот на Алвес.
Голема улога за погодокот има и позицијата на која игра Алвес. Наместо на вообичаената десна бековска позиција, Алвес игра како десно крило, што му овозможи да биде поблиску до противничкиот гол и да се најде на вистинското место, во вистинско време.
https://www.youtube.com/watch?v=OFOjkZe6_EI