Капитенот на бразилската репрезентација Даниел Алвес во следната сезона многу веројатно е дека ќе го носи дресот на Арсенал. Алвес е слободен играч, откако по завршување на минатата сезона си замина од Пари Сен Жермен. Иако има 36 години, Алвес покажа дека е во одлична форма, откако беше прогласен за МВП на Копа Америка, на која Бразил стигна до златниот медал.
Алвес веќе е дел од историјата на светскиот фудбал. Тој е првиот и засега единствен фудбалер кој во блескавата кариера стигна до 40 трофеи.
Арсенал има проблеми токму на позицијата на која игра Алвес. Стефан Лихштајнер си замина, а Хектор Белерин е повреден, па Алвес би бил одлично решение за десната бековска позиција.