Изоставувањето на Даниел Алвеш од листата на фудбалери кои Барселона ќе ги користи во Лига Европа, изненади многумина.
Се очекуваше да извиси Пјер Емерик Обамејанг, но тренерот Чави се реши нападот на титулата во ЛЕ да го направи без најтрофејниот фудбалер во историјата и човек кој сам се понуди да игра за Барса и тоа за малку пари.
Денеска Бразилецот изјави дека разговарал со тренерот и му кажал дека не му е сеедно за одлуката, но не му се лути. Дани го поддржува Чави и во врска со Усман Дембеле. Чави смета дека Дембеле треба да игра, а раководството на клубот смета дека Дембеле треба да биде казнет со седење на трибини.
„Дојдов во Барса за да помогнам. Ако моето неиграње во Лига Европа ќе му помогне на тимот, тогаш во ред е. Сакав да играм, но правила се правила. Не се бунам“ – изјави Алвеш.