26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Дани Алвес времето во затвор го поминува играјќи фудбал

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес сè уште се наоѓа во затвор во Барселона откако беше обвинет за силување од страна на 23-годишна девојка, а затворениците за шпанските медиуми откриваат како тој го поминува времето.

Алвес се наоѓа во затворот Брианс 2, а еден од затворениците даде изјава за весникот „Марка“ и откри што прави фудбалерот. Затвореникот открил дека фудбалерот конечно малку се релаксирал и во четвртокот дури играл фудбал со останатите затвореници за време на слободното време во затворскиот двор.

Поранешниот фудбалер на Барселона беше обвинет од 23-годишна девојка дека сексуално ја злоставувал во ноќен клуб во Барселона во последните денови од 2022 година. Алвес при давањето на исказот во полиција дури трипати ја менувал приказната и поради тоа обвинителите побарале тој да биде притворен сè до почетокот на судењето.

Судијата го прифатил барањето и притоа ја одбил можноста Алвес да плати кауција и да се брани од слобода бидејќи постоеле сомнежи дека тој би можело да избега во Бразил.

Алвес потоа го сменил адвокатот и вложил жалба на одлуката за притвор.

- Оглас -

Најнови вести