Даниел Радески е нов тренер на второлигашот Тетекс

Поранешниот прволигаш и двократен освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тетекс, ќе има нов шеф на стручниот штаб за следната сезона. Откако раководството на клубот и Љупчо Марковски – Калц спогодбено се разделија поради семејни причини на поранешниот репрезентативец, на клупата на Текстилците седнува Даниел Радески.

Младиот 38-годишен Радески е повратник на клупата на Тетекс бидејќи и минатата сезона успешно го предводеше тетовскиот второлигаш на стартот на сезоната, а во својата фудбалска кариера освен за матичниот Тетекс, настапуваше и за Цементарница, Македонија ЃП и Дрита, но имаше и интернационална кариера во српскиот Чукарички, а беше дел и од младинските репрезентации на Македонија.

Екипата на Тетекс во среда ќе ја има првата прозивка и стартот на подготовките за новата второлигашка сезона, а ќе бидат претставени и новите засилувања.

- Оглас -

Најнови вести