Македонските ракометни кадети одиграа солиден меч против врсниците од Данска, но немаа сили за подвиг и загубија со 26:29.
Во текот на целиот меч избраниците на селекторот Данило Брестовац ѝ пружија силен отпор на првопласираната селекција во нашата група.
По првиот дел беше 11:13 за Данците, кои беа апсолутни фаворити за победа, што и успеаја да ја остварат. Во продолжението Македонија имаше приклучок, но не и сили за пресврт и изненадување.
Данците го добија и второто полувреме, со 16:15 за максимален учинок и четврта победа во нашата група. Тие се лидери, а Македонија со ефект од две победи и два порази е зад Јапонија и на делба на третата позиција со Аргентина.
Утре во меч од петтото коло во фазата по групи ќе играме со Јапонија.